Опасноста од нуклеарна катастрофа расте во Јапонија

Оштетениот реактор на нуклеарната централа Фукушима1

Воени хеликоптери истураат вода врз оштететната нуклеарна централа во Јапонија со цел да ги оладат загреаните реактори. Новинските агенции јавувааат дека фокусот на воените тимови е третиот реактор на нуклеарната централа Фукушима кој беше оштетен од пожари и експлозии по петочниот земјотрес и цунами. Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Јукио Амано најави дека денеска ќе допатува во земјата за да ја процени состојбата на нуклеарните централи. До сега се регистрирани 4600 загинати луѓе, а над 8 илјади се уште се водат како изчезнати.