Обама загрижен поради насилството во Бахреин

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со Кралот на Саудиска Арабија Абдула и Кралот на Бахреин Хамад изразил „голема загриженост“ за нападот врз шиитаската опозиција во Бахреин. Потпаролот на Белата Куќа Џеј Кармеј изјави дека Обама ја истакнал потребата од максимална воздржаноста од насилство во Бахреин. Претходно американскиот државен секретар Хилари Клинтон го критикуваше распоредувањето на војниците во Заливот , оценувајќи го тоа како погрешен чекор. Властите воведоа полициски час и ги забрани сите јавни собири и демонстрации.