Силите на Гадафи се пробиваат кон истокот на Либија

Најмалку 26 лица загинаа во изминативе 24 часа во Либија, јавија медиумите. Силите на лидерот Муамар Гадафи напредуваат во офанзивата кон истокот на земјата и наводно се пробиле до градот Ајдабија, на 150 километри од центарот на бунтовниците Бенгази. Трупите на Гадафи го бомбардирале градот Мисрата, едно од најголемите населени места кое беше под власт на приврзаниците на опозицијата во западниот дел на земјата. Во меѓувреме, Советот за безбедност при Обединетите нации одржа состанок зад затворени врати на кој го разгледуваше предлогот за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја.