Донесена одлуката за Привремена комисија за утврдување на состојбата на Избирачкиот список

Формирањето на комисијата е едно од барањата на опозицијата, а Предлогот го поднесоа пратениците Рафис Аљити, Силвана Бонева, Тахир Хани и Светлана Јакимовска. Според предлогот, Комисијата може да соработува со ДИК и други надлежни органи, со домашни здруженија и меѓународни организации. Таа треба да има претседател и 10 члена. Претседателот треба да е од најголемата опозициска партија, а за таа функција е предложена Цветанка Иванова од СДСМ.