Средба Соренсен - Адеми, се разговарало за рамковниот договор

Петер Соренсен

Покрај тоа што ЕУ е копотписник на Охродскиот договор, на Унијата и е важно да утврди до која мерка политичките критериуми за негово спроведување се исполнети во државата. Затоа соработката со вицепремиерот Адеми и неговиот сектор е од важност, а денеска сум тука да ја искажам таа важност. Овој Секретаријат може да смета на нашата понатамошна соработка. Ова го изјави новиот амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Македонија Петер Соренсен по неговата средба со вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми, прва откако ја презеде функцијата. Тој потсети дека оваа година треба да биде прославен 10 годишен јубилеј на Охридскиот рамковен договор и оти ЕУ заедно со Владата ќе ги прослави постигнатите успеси.