Азербејџан се закани дека ќе уништува авиони

план за изгледот на аеродромот во Нагорно Карабакх

Азербејџан се закани дека ќе ги собори сите авиони кои ќе летаат кон регионот Нагорно Карабак, откако сепаратистичките ерменски власти одлучија повторно да го пуштат во употреба тамошниот аеродром. Азербејџан тврди дека регионот е под ерменска окупација и ја информираше Организацијата за цивилно воздухопловство дека сите летови кон спорниот регион ќе се сметаат за неовластени. Во соопштението се додава дека не е исклучена можноста за „физичко уништување на леталата кои одат во тој правец“. Аеродромот во Нагорно Карабак моментално се реновира а се планира летовите кон регионот да почнат во мај годинава. Криминални закани нема да ги спречат летовите, изјави службеник на властите во регионот.