Смртна казна за поранешниот вицепремиер на Ирак

Тарик Азиз

Поранешниот ирачки вицепремиер Тарик Азиз денеска беше осуден на смртна казна за неговата инволвираност во убиствата на шиитски службеници во 1980 година. Азиз беше соработник на покојниот диктатор Садам Хусеин. Европската унија, Ватикан и западните влади претходно испраќаа апели за помилување на вицепремиерот. Претседателот на Ирак Јалал Талибани претходно изјави дека нема да ја потпише одлуката за егзекуција на Азиз.