Европратениците предлагаат Македонија да почне со преговорите за членство во ЕУ

Македонија што побргу да почне преговори за членство во ЕУ, препорачуваат европратениците во резолуцијата подготвена од словенечкиот европарламентарец Зоран Талер, која се најде пред Комисијата за надворешна полтика на Европскиот парламент. Според Талер, во документот има 14 компромисни амандмани, од вкупно 152 колку што беа поднесени од европратениците. Во еден од компромисните амандмани, кој се однесува на прашањето за името, се инсистира „двете страни да ги разрешат билатерланите проблеми во духот на добрососедството водејќи сметка за општиот интерес на ЕУ“. Во инцијалниот текст на резолуцијата се повикуваат Кeтрин Ештон и комесарот за проширување да земат поактивна улога во решавањето на спрот за името.