Марш на латвијските нацистички ветерани од Втората светска војна

Ветераните од Латвија, кои во Втората светска војна се бореле на страната на германските нацисти, денеска одржаа марш во главниот град на земјата и покрај протестите на нивните противници. Полицијата соопшти дека најмалу 2,500 лица учествувале на парадата низ стариот кварт на градот Рига а за нивната безбедност биле ангажирани стотина полицајци. Противниците, пак, на разглас ги прераскажувале злоделата на нацистите.