Воведен полициски час во главниот град на Бахреин, војската го контролира кралството

ситуацијата во Бахреин

Лидерите на безбедносните сили на Бахреин на сите им испраќаат честитки за враќањето на ситуацијата во нормала и повторно потврдуваат дека ќе се превземат сите потребни мерки за одржување на јавниот ред и мир, соопштија од Мининистерството за одбрана на земјата денеска, по воведување на полициски час во главниот град Манама. Кралот на Бахреин вчера им ја предаде контролата на кралството на безбедносните сили во следниве три месеци, откако прогласи вонредна состојба. Претходно, безбедносните сили фрлаа солзавец кон група демонстранти кои се насобраа на плоштадот на главниот град. Немирите настанаа во знак на незадоволство од владеењето на монархијата.