Јапонскиот император изрази длабока загриженост за кризата

Императорот Акихито

Јапонскиот Император Акихито денеска пртеку ТВ обраќање изрази длабока загриженост за кризата во земјата која се соочува со последиците од земјотресот и цунамито.
Изутрината работата врз оштетената нуклеарка во Фукушима, накратко беше прекината поради зголемената радијација. Таму по силниот земјотрес имаше неколку експлозии. Хеликоптерите поради радијацијата не можеле да истураат вода врз реакторот во кој не функционира системот за ладење. Според владата, радијацијата не е опасна надвор од кругот во радиус од 20 километри од каде е извршена евакуација на населението. Јапонските власти најавија дека можеби ќе побараат американска воена помош за да се справат со кризата. Според властите во земјотресот и цунамито загинале околу 3600 лица, но се очекува таа бројка да биде многу поголема.