Пакистан - Рејмонд Дејвис и формално обвинет за убиство

Лахоре - зградата на Судот

Судот во Пакистан на сослушувањето во затворот во Лахоре формално го обвини контрактотор на ЦИА Рејмонд Дејвис за убиство. Ако Дејвис биде осуден може да добие смртна казна.
Тој на 28 јануари во Лахоре уби двајца пакистанци. Дејвис изјави дека тоа го сторил во само одбрана.
САД се повикаа на неговиот дипломатски имунитет и побараа Дејвис да биде ослободен. Овој случај ги затегна односите меѓу САД и Пакистан, клучен американски сојузник во војната против теророт.