Нов пожар во нуклеарната централа во Јапонија

Во реакторот во Блокот 4 во јапонската нуклеарна централа Фукушима 1 синоќа повторно избувнал пожар, соопшти фирмата која ја управува централата, Токио електрик пауер. Според нив, пожарот се појавил во надворешната обвивка на реакторот, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат. Во истиот реактор вчера веќе избувна пожар во базенот за ладење на искористеното нуклеарно гориво, што предизвика ослободување на радиоактивност во атмосферата.