Предлог за влада на национално единство во Брегот на Слоновата Коска

Аласан Уатара

Аласан Уатара, кој победи на претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска, му понуди на поранешниот претседател Лоран Гбагбо, кој одбива да ја напушти власта, формирање на влада на национално единство, здружување на нивните војски и формирање комисија за вистина и помирување. Тој ова го изјавил во телевизиското обраќање од хотелот во кој се наоѓа од спорните избори во ноември, а агенцијата Асошиетед прес оценува дека тоа е последна сламка на спасот за да се избегне граѓанска војна во земјата. Во престолнината Абиџан во минатата недела се случија најжестоките судири, што принуди многу негови жители да побегнат од градот. Според Хјуман рајтс воч, од почетокот на политичката криза во оваа земја загинале 400 луѓе.