Петреус: запрен налетот на талибанците во Авганистан

Генерал Дејвид Петреус

Командантот на американските сили во Авганистан генерал Дејвид Петреус изјави дека силите на САД и на НАТО го запреле налетот на талибанците во поголемиот дел од таа земја, но предвиде продолжување на тешките борби во пролетната офанзива на исламистичките бунтовници, кои ќе се обидат да ја вратат изгубената територија. Сведочејќи пред Комитетот за оружени сили во американскиот Сенат, Петреус предупреди на кревкоста на постигнатиот напредок и најави дека меѓународните и авганистанските трупи заеднички ќе настојуваат да се зацврстат и прошират тие придобивки во очекуваната пролетна офанзива на талибанците.