Клинтон пристигна во Египет

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Египет ќе испрати апел до новите воени лидери на земјата да спроведат демократски реформи. Клинтон е првиот високорангиран службеник на Соединетите американски држави која ја посетува земјата по немирите по кои лидерот Хосни Мумбарак се повлече од функцијата. Во среда државниот секретар заминува за Тунис, уште една земја чиј лидер отстапи поради протести на народот.