Припадник на безбедносните сили загинал во Бахраин

од протестите во земјата

Еден припадник на безбедносните сили загинал во судир со иладници шиитски демонстранти кои протестираат против сунитската монархија во Манама, главниот град на Бахраин, јави државната телевизија. Во кралството е прогласена вонредна состојба, а контролата на земјата и` е предадена на војската во следниве три месеци. Одлуката следи откако повеќе од 1,000 војници од Советот за персиска соработка влегоа во кралството, на барање на монархијата.