Г8 не го спомена предлогот за затворање на либијскиот воздушен простор

Групата на осумте најмоќни држави го изоставија предлогот на Франција и Британија за затворање на воздушниот простор над Либија, не споменувајки го истиот во конечното соопштение по средбата во Париз. Либијскиот лидер Муамар Гадафи ќе се соочи со „тешки последици“ доколку не ги почитува основните човекови права на неговиот народ, се наведува во изјавата која по средбата ја прочита францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе. Во изјавата не се наведува ништо за француско-британскиот предлог за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја, иницијатива која ја подржаа и лидерите на арапските земји.