Кралот прогласи вонредна состојба во Бахраин

Вонредна состојба е прогласена во Бахраин, по насилството во земјата кое трае со недели. Државната телевизија јави дека кралот Хамад ги овластил безбедносните сили на земјата да ја превземат контролата во следниве три месеци. Одлуката следи откако повеќе од 1,000 војници од Советот за персиска соработка влегоа во кралството, на барање на сунитската монархија против која протестираат шиитите во земјата. Според за сега непотврдени информации, еден од демонстрантите денеска убил војник.