Нуклеарна несреќа не може да се случи во Иран, тврди Ахмадинеџад

претседателoт Махмуд Ахмадинеџад

Нуклеарната централа во Бушер има модерни безбедносни системи и нема шанси таму да се случи несреќа, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Во интервју за шпанската државна телевизија во Иран, Ахмадинеџад дополни дека „ако нешто непредвидено се случи, тоа ќе биде вон било чија контрола“.