Германија ќе ги исклучи најстарите нуклеарки

еден од нуклеарните реактори во Германија

Германија ќе ги исклучи од употреба најстарите нуклеарни реактори во земјата, по настаните во Јапонија, соопшти денеска германскиот канцелар Ангела Меркел. Со одлуката се гаснат седум реактори кои беа пуштени во употреба во 80-тите години на минатиот век. Реакторите најмалку три месеци нема да произведуваат електрична енергија. Согласно одредени анкети, повеќемина Германци се против нуклеарната енергија.