Продолжуваат борбите во Либија

Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи ја презеле контролата врз Звара, еден од првите градови кои ги зазедоа антивладините бунтовници. Во меѓувреме, американската државна секретарка Хилари Клинтон, во Париз разговараше со либиски лидер на опозицијата, но детали не се соопштени. За ситуацијата во Либија, Клинтон разговараше и со францускиот претседател Никола Саркози, кој заедно со британскиот премиер Дејвид Камерун повикуваат на воведување зона забранета за летови над Либија, што е тема и на денешниот министерски сотанок на Г-8 во Париз.