Околу 40 отсто од Хрватите ги подржуваат антивладините протести

од протестите во Хрватска

Околу 40 проценти од жителите на Хрватска сакаат антивладините протести да продолжат, се додека кабинетот на премиерката Јадранка Косор поднесе оставка, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од агенцијата „Ипсос пулс“ за хрватската телевизија „Нова“. Околу 22 проценти од анкетираните сметаат дека траба да се протестира се` додека Владата не определи датум за одржување избори, 20 проценти се изјасниле против протестите, а 12 отсто од испитаниците одговориле дека со досегашните демонстрации се испратени потребните пораки до Владата и тие веќе немаат никаква смисла. Над 46 отсто од граѓаните мислат дека на опозицијата не и е место во протестите.