Неоткупен дел од тутунот во Прилепско

Утре завршува законскиот рок за откуп на тутунот, а во Прилепско, според производителите, се уште не се преземени 500 до 800 тони од родот. Претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески вели дека моментно во државава не се откупени 700 тони од кои 500 во Прилепско, а најмногу од нив, 300 тони, се во долненскиот регион. Тој најави средба со откупувачите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според последниот извештај од Државниот инспекторат за земјоделство, од друга страна, речиси целиот род е преземен.
Реколтата 2010 се проценува на околу 25.000 тони, а законскиот рок за откуп завршува утре.