Нови мерки за штедење во Грција?

Мерките за штедење предизвикуваа немири во земјата

Грчката Влада ќе воведе дополнителни економски мерки за штедење, кои планира да ги имплементира до самитот на Европската унија на 25 март, пишува весникот „Нафтемборики“. Мерките биле дискутирани вчера на вонредниот состанок на кабинетот. Како што пренесува медиумиот, дополнителните економски мерки, се очекува да бидат објавени оваа или идната недела. Се шпекулира дека со новите мерки, власта ќе скрати 19 милијарди евра од расходите во периодот од 2012 до 2014 година.