Странска воена интервенција во Бахраин

од антивладините протести во земјата

Властите во Бахраин побарале помош од соседните земји во Персискиот залив за справување со немирите во земјата, јавија медиумите. Илјада војници влегле во земјата за да ги заштитат владините згради, јавија западните новински агенции. Вооружените сили, кои согласно медиумските извештаи се членови на Советот за персиска соработка, се испраќаат во земјата за смирување на немирите кои ги предизвикуваат Шиитите против сунитската монархија. Обезбедувањето на безбедноста и стабилноста во било која арапска земја е одговорност на целиот блок, изјави во неделата генералниот секретар на Советот Рахман ал Атила.