Најмалку триесетмина загинати во Авганистан

Најмалку 33 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец во центар за регрутирање војници во градот Кундуз во истоимената авганистанска провинција. Како што соопштија тамошните власти, повеќе од 40 лица се повредени во нападот. Шефот на полицијата во Кундуз смета дека талибанските милитанти се виновни за нападот.