Понудено помилување на дел од либијските бунтовници

Либијската државна телевизија јави дека војниците кои преминале на страна на бунтовниците и се бореле против лидерот Муамар Гадафи ќе бидат помилувани доколку им се предадат на безбедносните сили. Приврзаниците на Гадафи денеска повторно се судрија со бунтовниците кои од пред една недела ги контролираат источните предели на северноафриканската земја. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Париз е на средба со министрите за надворешни работи на осум земји со кои ќе го дискутира предлогот на Арапската лига за затворање на либијскиот воздушен простор.