Заострување на ситуацијата во Либија

Силите на либискиот лидер Моамер Гадафи, со воздушни напади, тенкови и воени бродови, ги истерале бунтовниците од клучните градови и се приближувале кон упориштето на опозицијата во Бенгази на истокот на земјата. Од друга страна, бунтовниците тврдат дека во текот на ноќта ја вратиле контролата врз стратегискиот град Брега. Неименуван извор од редовите на опозицијата изјави дека бунтовниците се подготвуваат за судир со силите на Гадафи во Аџадаби. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Париз треба да се состане со лидерите на либиските бунтовници.