Десетици повредени на протестите во Мароко

Протести во Казабланка на 20 февруари 2011

Десетици луѓе се повредени во најголемиот град во Мароко, Казабланка, кога специјалците употребија пендреци за да ги растераат неколкуте стотици демонстранти што протестираа барајќи реформи. Според опозицијата, полицајците без причина почнале да ги тепаат мирните демонстранти.