Кина донесе економска „петолетка“

Кинескиот премиер Вен Џиабао

Кина донесе петгодишен план за трансформација на економијата, покачување на приходите во руралните подрачја и унапредување на социјалната стабилност. Премиерот Вен Џиабао претходно рече дека наредните пет години ќе бидат „суштински за забрзување на трансформацијата на економскиот развој“.