Четворица загинати во Авганистан

Четворица цивили загинале во Авганистан денеска во експлозија на бомба поставена покрај пат во провинцијата Кандахар. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во тек е истрага за инцидентот. Во последно време се зголемува бројот на цивилни жртви во Авганистан. Според извештај на Обединетите нации, во 2010 година бројот на загинати цивили се зголемил за 15 проценти.