Полицијата ги растура протестите во Бахраин

Полицајците во Бахраин денеска фрлиле солзавец кон демонстранти со цел да го спречат протестот во главниот град, јавија медиумите. Полицијата патролирала со армирани возила со цел да ги спречи евентуалните немири денеска, предизвикани од незадоволството на Шиитите, кои бараат повлекување на Сунитската монархија. Речиси секој ден се одржуваат маршови во главниот град Манама. Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс ја посети земјата во петокот на единаесетти овој месец. Кога станува збор за реформи, „бебешки чекори“ не се доволни, изјави Гејтс по посетата. Инаку, во Бахраин се наоѓа Петтата флота на Американската морнарица.