Четврти конгрес на ЛДП

Актуелниот претседател на партијата Јован Манасиевски

Либерално-демократската партија денеска ќе го одржи четвртиот редовен Конгрес. На собирот што треба да почне на пладне во Македонската Опера и Балет, ќе бидат избрани сите партиски органи - претседател, генерален секретар, Централен одбор и Надзорен одбор. Како што најави ЛДП, на Конгресот на кој се поканети над 1.100 делагати и гости, ќе биде усвоен и клучниот програмски документ на партијата - Платфората за претстојните парламентарни избори, во која акцент се става на економијата и начините за надминување на економските проблеми и создавање перспективи за економски раст, нови инвестиции и работни места.