Груевски со пораки за опозицијата пред средбата со Црвенковски

Никола Груевски и Бранко Црвенковски

Никола Груевски му порача на опозицискиот лидер Бранко Црвенковски да не излегува со барања со кои ќе купува време. Премиерот го испрати апелот од трибина во Струмица, пред закажаната средба со Црвенковски. Од ДУИ, пак, ја поздравија договорената средба меѓу двајцата лидери, очекувајки дека дијалогот меѓу партиите ќе помогне да се организираат избори за најкратко време.