Раст на невработеноста во Хрватска

Економската состојба во Хрватска е една од главните причини поради која антивладини демонстранти бараат распуштање на Владата

Кон крајот на минатиот месец на евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување регистрирани се над 336.400 невработени лица, а бројот на луѓе без работа во февруари 2011 во споредба со јануари е зголемен за 2.033 лица, или 0,6 отсто. Хрватската невработеност во февруари годинава, во споредба со истиот миантогодишен месец, е зголемена за 5,9 отсто или за речиси 18.800 лица, се наведува во соопштението на Заводот. Најновата анализа на експертите на меѓународната агенција за утврдување на кредитниот рејтинг „Дан и Бредстрит“ укажува дека Хрватска во текот на првото полугодие од оваа година ќе се соочи со зголемување на невработеноста, што ќе го отежне економското заздравување во земјата.