Педесетмина уапсени во Азербејџан

Баку, денеска

Педесетмина демонстранти биле уапсени денеска во Баку, Азербејџан, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Триесетмина биле ослободени, додека дваест учесници во денешните протести, кои го потресоа главниот град на земјата, ќе се појават пред суд, потврдија надлежните. Веќе втор ден илјадници подржувачи на азербејџанската опозиција протестираат во Баку против владеењето на претседателот Илхам Алијев. Вчера полицијата употреби сила за да го растури протестот на опозиционерите кој се организираше преку социјалните мрежи.