Конгресменката Гифордс се опоравува

Габриел Гифордс

Конгресменката Габриел Гифордс напредува во опоравувањето, изјави нејзиниот доктор Донг Ким од болница во Хјустон, Тексас. Претставничката на конгресот беше застрелана во глава во Аризона во јануари годинава а во нападот загинаа уште шест лица. Гифордс сега може да формулира кратки реченици и да изразува позитивни емоции, но нејзиниот доктор вели дека неговата пациентка се уште не може да се сети на настаните од осми јануари. Обвинетиот напаѓач се изјасни за невин во врска со 49-те обвиненија против него.