Евакуација на населението на 10 км од нуклеарката во Фукушима

Јапонските власти ги повикаа луѓето да се евакуираат на 10 километри од оштетената нуклеарна централа поради безбедносни причини. Ова следеше по силната експлозија која одекна во една од двете оштетени нуклеарки во Фукушима. Јапонските медиуми јавија дека зид на зградата на централата Даичи се распаднал, но засега сепак не е јасно дали станува збор за реакторот или за надворешните зидови. Во експлозијата имало неколку повредени лица и радиоактивноста била зголемена. Властите уште претходно по големиот земјотрес и цунамито соопштија дека се загрижени и за двете нуклеарни централи во Фукушима каде страдале системите за ладење и каде што била регистрирана радијација. Јапонија соопшти дека се стравува дека во земјотресот и цунамито кои вчера го погодија североисточниот брег на земјата живото го изгубиле над 1000 лица.