Протести во Ирак

Во неколку ирачки градови денеска беа одржани антивладини протести. Најголемите беа одржани во курдскиот град Сулејманија каде што еден од демонстрантите се обидел да се самозапали но притоа бил спречен од другите луѓе во протестот. Демонстрации против владата беа одржани во Багдад, Наџаф и Басра.