ВМРО ДПМНЕ: Црвенковски сака да се извлече

Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

ВМРО ДПМНЕ оцени дека појавувањето на Бранко Црвенковски на денешната прес конференција бил обид на лидерот на СДСМ да се извлече од ситуацијата, во која, како што е наведено во партиската реакција, сам се заплеткал себеси и со која сериозно им наштетил на интересите на граѓаните и на државата. ,,Се надеваме дека ова не е уште еден блеф и политички маневар на Црвенковски со кој ќе сака да направи се за да го стопира и наруши изборниот процес, во обид да ги пролонгира изборите само за да го одложи крајот на својата политичка кариера,, се наведува во реакцијата. Претходно Бранко Црвенковски изјави дека ја прифаќа поканата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за билатерлана средба во идната недела посветена на сите отворени прашања во врска со изборите.