Случајот за трговија со човечки органи во Косово се разгледуваше во Европскиот Парламент

Дик Марти

Известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Дик Марти денеска зад затворени врати се обрати пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Стразбур по повод истрагата за нехуманиот однос кон луѓето и илегалната трговија со човечки органи во Косово. Пратеникот на италијанските социјалисти во Европскиот парламент Пино Арлаки по состанокот изјави дека, според него, и покрај разликите и критиките во Европскиот парламент во однос на извештајот на Марти, голем дел од евопратениците се согласиле дека е неопходно да се открие вистината за трговијата со човечки органи и да се организира вистинска истрага, која подразбира заштита на сведоците. Арлаки најави дека до крајот на месецот ќе побара да биде именуван известувач за прашањата околу нелегалните активности на Косово.