Нов круг преговори за деблокирање на политичкиот дијалог во Босна и Херцеговина

Политичките опоненти во Босна и Херцеговина се договорија да почнат нов круг преговори за да стават крај на институционалната криза, што трае веќе пет месеци, и да ја формираат новата влада, пренесоа новинските агенции. Пет месеца по парламентарните избори, оддржани во октомври, Босна и Херцеговина не е во состојба да формира влада заради разногласијата меѓу националистите и ненационалистите. Портпаролката на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна, Лилјана Радетиќ, денеска соопшти дека страните се договорија да разговараат зад затворени врати, поздравувајки ја иницијативата за соработка.