Либија навлезе во граѓанска војна, смета Црвениот крст

симболи на Црвениот крст

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека во Либија е настаната граѓанска војна. Претседателот на хуманитарната организација Јакоб Келенбергер предупреди дека борбите меѓу силите лојални на лидерот Муамер Гадафи и бунтовниците најверојатно ќе се интензивираат.