Убиен братучедот на авганистанскиот претседател

Претседателот Хамид Карзаи

Американските воени сили убиле братучед на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи кога провалиле во куќа во југот на земјата, соопштија тамошните власти. Градоначалникот на општината Данд во јужната провинција Кандахар рече дека Хаји Јар Мохамед Кан бил убиуен во рација доцна вчеравечер. Локалните власти тврдат дека роднината на претседателот бил убиен по грешка.