Опозицијата на Јемен не ја прифати понудата на Салех

Салех - говор пред подржувачите во Сана

Долгогодишниот Претседател на Јемен Али Абдула Салех денеска предложи да се напише нов Устав со цел да се исполнат барањата на опозицијата.
Во меѓувреме анти владините протести ескалираа во Јемен. Претседателот Салех во пред своите подржувачи на стадион во Санаа порача дека новиот устав ќе гарантира одвојување на легислативната од извршната власт и ке биде подготовка за нови избори. За опозицијата тоа е недоволно и задоцнето.
Во Јемен со недели има протести против Салех – клучен американски сојузник против Ал Каеда во регионот.