Москва е град со најголем број милијардери во светот

The cover of the Forbes magazine, 10Mar2010

Според Магазинот Форбс, во Русија има над 100 милијардери и Москва е градот со најголем број милијардери во светот. Во овој град живеат 79 богаташи.
Во цела Европа има 300 милијардери и 15 од светски најбогатите луѓе. Во светот има 1210 милијардери.
Најбогат во светот и натаму е мексиканскиот телекомуниукациски тајкун Карлос Слим со лично богатство од 74 милијарди долари, а на второ место е Бил Гејтс со 56 милијарди долари.