Потпретседателот на САД Џозеф Бајден во посета на Москва

Од средбата Медведев Бајден

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден во Москва ќе има разговори со премиерот на Русија Владимир Путин на кои ќе го подржи руското членство во Светската Трговска организација.Бајден ќе има и прва директна средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев. За време на посетата Бајден ќе одржи и говор на Универзитетот во Москва за руско американските односи и ќе учествува на тркалезна маса со опозициските лидери.