Тотенхем и Шалке во четвртфиналето

Во синоќешните реванш натпревари од осминафиналето на Лигата на шампиони, фудбалерите на Тотенхем и Милан играа нерешено 0:0 (во првиот меч во Милано Тотенхем победи со 1:0). Во Гелзенкирхен Шалке ја совлада Валенсија со 3:1, откако во првиот меч во Шпанија резултатот беше 1:1.