„Дискавери“ слета на Земјата - последна мисија

Американскиот спејс – шатл „Дискавери“ слета на земјата, завршувајки ја својата последна мисија. Планирани се уште два летови на вселенски летала, по што Соединетите американски држави ќе ја укинат триесет годишната програма за спејс – шатли, со цел намалување на оперативните трошоци и инвестирање во нов систем за патување низ вселената.